Сместен во ладовините на скопскиот градски парк, хотелот ”КАНЕТ” е едно од најпосакуваните места за починка и релаксација во најстарото маало, Дебар Маало, во центарот на градот Скопје. Изграден во 1999 година, а комплетно реновиран во февруари 2011 година, се одликува со мошне интересна, специфична и натуралистичка архитектура. Така вклопен во просторот е вистински рај за очите на секој човек.
Хотелот се наоѓа позади фонтаната во градски парк. Во непосредна околина се наоѓаат Владата на Р.Македонија, Собранието, Американската амбасада, Италијанската амбасада, градскиот плоштад Македонија и градскиот трговски центар. Од сите наброени локации најоддалечената е петнаеесет минути пеш.



© Copyright 2011 - aLiquid Design, All Rights Reserved.